Запален автомобил во Ново Лисиче (ФОТО + ВИДЕО) - Слободен печат
Хроника

Запален автомобил во Ново Лисиче (ФОТО + ВИДЕО)

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанат и го угаснале пожарот.

Автомобил „Рено лагуна“ се запалил вечерва во скопската населба Ново Лисиче.

Засега нема информации за тоа која е причината за пожарот, а очевидци тврдат дека автомобилот одеднаш почнал да гори.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанат и го угаснале пожарот.

Фото: Слободен печат

Луѓето кои го забележале димот веднаш ги повикале пожарникарите, чија брза реакција била пресудна да се спречи проширување на пожарот.

Фото: Слободен печат

Погледнете го видеото:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close