Фото МИА

Замрзна Осломејско езеро, засега без опасност за рибниот фонд

Екстремно ниските температури кои во кичевскиот регион се спуштаат и до минус 15 степени, придонесоа да замрзне Осломејското езеро.

Од спортското риболовно друштво (СРД) „Хантер фиш” сметаат дека рибниот фонд не е загрозен зашто дебелината на мразот не е голема, а и езерото е длабоко.

Според претседателот на Друштвото, Бесмир Елези, очекувано било дека езерото ќе замрзне.

-Беше за очекување поради екстремно ниските температури да замрзне Осломејското езеро. Дебелината на мразот е неколку сантиметри и ако наредните денови се остварат прогнозите на метеоролозите, за очекување е температурите да пораснат што ќе овозможи мразот да се стопи, вели Елези.

Тој е оптимист и посочи дека мразот и да остане подолг период на езерската површина, опасност за рибниот фонд во езерото не постои.

-Бидејќи Осломејското езеро е со длабочина од над 40 метри, тоа овозможува рибниот фонд да биде безбеден. Исто така, големото количество вода и делумното замрзнување, овозможуваат езерото константно да има доволно кислород што придонесува рибниот фонд да биде во добра здравствена состојба. Но, јас очекувам претстојните денови замрзнатата површина полека да се стопи и езерото наскоро да биде без мраз а, рибите да егзистираат без никаков ризик, додава Елези.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот