Лулзим Алиу, заменик министер за образование и наука (фото: МОН)

Заменик министерот за образование Алиу си поднел неотповиклива оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил.

Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.

-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истажувако-научна работа, како и посветеност кон семејството, вели Алиу во оставката.

Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, односно од партијата Алтернатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот