ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО УКРАИНА: Вооружен маж држи како заложници 20 патници во автобус (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Во украинскиот град Луцк, човек вооружен со експлозив и оружје зел како заложници 20 патници во автобус, соопшти полицијата од регионот Волин.

Центарот на градот е затворен за сообраќај, пренесува руската телевизија Ѕвезда.

Началникот на регионалната полиција, Јуриј Крошко рече дека засега нема информации дека некој е повреден.

– Во моментов се следат социјалните мрежи. Нема никакви барања на неговиот профил. Само општи фрази. Ние сè уште проучуваме, се обидуваме да преговараме – рече Крошко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот