Заложничка криза во аптека во германскиот град Карлсруе

Фото: Твитер

Германската полиција во градот Карлсруе затвори област поради „заложничка ситуација“ во една аптека, јави агенцијата ДПА. Во тек е голема полициска акција.

„Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, објави локалната полиција на Твитер.

Сѐ уште не се знае колку луѓе во моментов има во аптеката, односно колкумина заложници има.

Се започнало во 16:30 часот. „Дојче веле“ јавува дека полицијата го опколила просторот околу аптеката лоцирана во центарот на Карлсруе, а се дознава дека полицијата воспоставила контакт со човекот осомничен дека зел заложници.

Полицијата ги отвори вратите на училиште за во него да престојуваат жителите кои поради блокираните улици не можеа да стигнат до своите домови. Луѓето не се во животна опасност, соопшти полицијата врз основа на нивната проценка за моменталната состојба.

Сепак, тие ги замолија граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги следат сите упатства издадени од службите за итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот