сајбер безбедност фото: МИА

Законот за сајбер заштита на населението во драфт верзија

Драфт законот за сајбер заштита на цивилното население и формирање агенција е поставен на ЕНЕР, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Во креирањето на законот се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија.

Досега за законот пристигнале преку 90 коментари и забелешки од сите заинтерсирани страни.

-Процесот беше многу инклузивен од првиот ден, а со зкаонот и агенцијата еднаш засекогаш ќе ги решиме проблемите и предизвиците со кои сега се соочуваме од апсект на дигиталната трансфорација. Дигиталната трансфорација е долг, комплексен процес кој трае многу долго и никогаш не завршува, поради што мора да имаме патоказ и негова имплементација преку агенцијата за да го постигнеме тоа што сакаме – истакна Алиу.

На прашањето во врска со внатрешната ревизија што ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Алиу повтори дека резултатите покажале недоверба на компаниите во институциите поради што и многу малку од нив се подготвени да аплицираат на јавни тендери.

-Имавме интерна ревизија на мое лично барање за периодот 2021 – 2023 година. Од извештајот јасно се гледа дека компаниите се многу малку заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, а тоа е загрижувачки. Довербата на приватниот сектор кон државните институции е дефинитивно намалена. Вчера, на средбата, компаниите рекоа дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале. Една од мерките за да го подобриме целиот овој процес ќе биде анализа на пазарот на трудот и во таа фаза ќе бидеме транспарентни, ќе имаме состаноци и јас лично ќе свикам прес-конференција. Од податоците на ревизијата имаме јасна цел како треба да се подобрат вантрешните процеси, но и нашата комуникација со приватниот сектор – рече Алиу.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот