Зак Ефрон итно пренесен во болница: Актерот доживеал страшна несреќа во базен на Ибица
Актерот Зак Ефрон (36) завршил во болница во Шпанија по несреќата во базен во вилата каде престојувал. Се претпоставува дека инцидентот се случил во петокот вечерта, пренесува „ТМЗ“.
Неговиот претставник изјави дека тој завршил во болница само превентивно. Актерот не го задржале долго и добро закрепнува.
Сепак, извори за „ТМЗ“ изјавиле дека Ефрон бил пронајден во базенот од двајца мажи кои работат во вилата во која престојувал на Ибица и веднаш го извлекле од водата.
Претставникот на актерот несреќата ја нарекол само „ситен инцидент“, а сè уште не објаснил што точно се случило со Зак.
Инаку, познатиот актер летниот одмор го поминува низ цела Европа, па освен на Ибица, тој беше и во Сен Тропе, Миконос, Париз…
За потсетување, Зак претходно доживеа страшна несреќа кога ја скрши вилицата. Актерот се лизнал додека трчал во својот дом, поради што ја удрил брадата во гранитна фонтана.