Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече кон дното

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забавувањето на западните санкции против Русија во објава на нејзиниот канал Телеграм.

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека „темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се прилагодува на ограничувањата“. Потоа таа додаде: „Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното“.

Да потсетиме, Блумберг вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина. Евростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто домашниот производ пораснал за 0,1%, иако економистите процениле пад од 0,1%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот