Захарова: Антируската шпионска кампања во Бугарија е наметната однадвор

epa06925245 Maria Zakharova, the Russian Foreign Ministry's spokeswoman, attends a briefing in Moscow, Russia, 03 August 2018. Media reports on 31 July 2018 stated that Maria Zakharova has come out with a new career, writing lyrics for pops songs, with her work, 'Paid in Full' which is performed by Russian singer Katya Lel. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

На Софија однадвор и е наметната кампањата за борба со наводните руски шпиони во Бугарија, изјави денеска на брифинг портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави руската агенција Тасс, пренесе дописникот на МИА во Софија.

-Не можам да не се согласам со фактот, дека, бидејќи тоа не им одговара на интересите на бугарскиот народ, најверојатно зад него стои стимулирање однадвор на ваквите потези и активности. Затоа што не може тоа да се објасни со основните, национални и природни интереси на Бугарија, рече таа.

Захарова посебно го потенцира фактот дека неодамнешното објавување во Бугарија на двајца руски дипломати за персона нон грата е петти ваков случај.

Бугарското Јавно обвинителство на 19 март објави дека шестмина сегашни и поранешни вработени во Министерството за одбрана и военото разузнавање, со помош  од ЕУ и САД биле приведени под сомнение дека шпионирале во корист на Руската Федерација. Окружниот воен суд на петмина од нив им одреди притвор. Еден од осомничените беше ослободен со кауција затоа што обвинителите не побараа негово апсење.

Руската Амбасада во Софија истакна дека „смета дека одлуката на бугарската страна е неразумна”, а Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави дека го задржува правото да одговори на реципрочен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот