Загина возач од Скопје - Слободен печат
Хроника

Загина возач од Скопје

Сообраќајката се случила вчера околу 15 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево.

Вчера околу 15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу охридските села Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „цитроен саксо“ со скопски таблички, управувано од П.С.(55) од Скопје и комбе „форд транзит“ исто така со скопски таблички управувано од Д.П. (27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е однесено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close