Загина градежен работник

Возило на брза помош / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од полицијата известија дека работникот бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место.

Денеска при испок на канализациона мрежа во селото Бела Црква (Општина Кривогаштани)загина 63-годишен работник. Тој бил ангажиран за вршење на работи од фирма од струшкото село Велешта. Од полицијата известија дека работникот бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и нарил да се изврши обдукција на телото на починатиот.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот