Загадување на животната средина: Секоја минута се фрлаат по три милиони заштитни маски во светот

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Секоја минута во светот се користат и фрлаат три милиони заштитни маски, а многу завршуваат во природата и претставуваат вистинска еколошка бомба, пишува списанието „Фанпејџ”.

– Заштитните маски се направени од пластични полимери, кои во природата шират таканаречени микро и нано пластични честички, со дијаметар помал од пет милиметри. Микропластиката, вклучително и онаа која настанува со распаѓање на заштитните маски, остава отровни материи во природата, како што се тешки метали, наведува весникот.

Организациите за заштита на животната средина предупредуваат дека, со оглед на тоа што нема упатства за отстранување и ослободување од заштитните маски, опасноста од понатамошно загадување на животната средина расте.

Весникот потсетува на претходните научни истражувања, кои покажаа дека 14 милиони тони микропластика завршуваат на морското дно, загадувајќи ги најоддалечените делови на планетата, како што се Антарктикот и најголемите морски длабочини.

Микропластиката од морето често завршува во телата на морските животни, вклучувајќи ги и оние што луѓето ги јадат.

Друго истражување потврди дека јадејќи морска храна, луѓето неделно внесуваат пет милиграми микропластика во телото, што е исто како да се јаде ситно мелена кредитна картичка еднаш неделно.

Во Италија, искористените заштитни маски завршуваат заедно со друг смет, но со оглед на количината, некои специјализирани компании веќе работат на изработка на специјални контејнери со цел, со оглед на тоа што се изработени од пластика, да се рециклираат и заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот