Заев за упадот во магацинот во Струмица: Тоа беше политичка хајка која потсетува на времето на Никола Груевски (ВИДЕО)

Неодамнешниот упад во магацинот на семејството Заеви од страна на полицијата, според лидерот на СДСМ е политичка хајка која потсетува на времето на Никола Груевски, односно одлука на министерот за полиција, Наке Чулев, донесена во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Ако беше целта да предизвика болка, кај мене предизвикаа, поради младите волонтери кои сервисираат низ цела Македонија. Беа држени до раните утрински часови кога се правеа тие проверки во прехранбените продукти. Мене ме потсети на деновите на режимот. Но семејството Заеви веќе помина низ тие режимски сценарија. Верувам дека се свесни дека вакви работи го потсетуваат народот на тој режим. Требаше веднаш да се осудат тие политички хајки кои покажаа дека доаѓаат од врхушката, односно по задача на партијата, изјави Зоран Заев во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Заев: Треба да ја зграбиме првата можност за избори – Политичката кариера на Мицкоски е во прашање, бидејќи тој што губи си оди (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот