Заев за „Слободен печат“ одлучен: Кажав тоа што имам

Зоран Заев во утрински брифинг
Зоран Заев премиер на влада на РСМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Aктуелниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето, дали со неговото заминување се поништува договорот со Али Ахмети за Албанец премиер на 100 дена пред парламентарни избори, во изјава за „Слободен печат“ вели дека нема коментар и се што имал кажал на својата последна прес-конеференција.

– Немам коментари повеќе. Кажав тоа што имам на последна прес конференција, ни одговори кратко Заев.

Премиерот на својата последна прес-конференција по објавување на првичните резултати од вториот круг на локалните избори изјави дека тој ја презема одговорноста за лошиот резултат и најави дека си поднесува оставка од позицијата премиер и претседател на СДСМ.

– Ја преземам одговорноста на себе. Поднесувам оставка од позицијата премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија, изјави Заев.