Заев за „мало сутра“: Се извинувам, немав намера да повредам некого

фото: Принтскрин

Премиерот Зоран Заев денеска се извини за гестикулациите кои ги направи на партиската трибина во Прилеп, каде зборуваше за победникот на изборите во април 2020 година.

– Ако некој сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт затоа што некој така сака и потоа повторно 11 години да ја уништува државата. Тоа беше употребата на гестикулациите и на зборовите. Значи, извинете носевме храбри одлуки, тука сме и одиме напред, тешко е на сите, не ни е лесно и на нас. Продолжуваме да се бориме затоа што тоа должност ни е пред државата – рече Заев.

Премиерот потоа уште еднаш се извини потенцирајќи дека се смета за политичар кој не сака да остави впечаток дека сака да навреди некого.

– Уште еднаш кажувам дека ако некој се нашол повреден се извинувам. Не ми било тоа намерата. Намерата ми било да кажам дека ќе има борба за државата, за нашиот народ, за да се оди на вистинскиот народ – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот