Заев: Постигнат е договор за коалиција со ДУИ, јас ќе бидам премиер четири години

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Денеска заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и со Љупчо Николовски и Артан Груби имавме успешна работна средба на кој прецизиравме рамка за идната соработа на владината коалиција. Меѓу СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ и ДУИ постигнат е договор за парламентарно мнозинство која 4 години ќе работи посветено. Овој договор ќе биде достапен на разгледување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот и утрешниот ден, а СДСМ тоа ќе го направи и пред коалиционите партнери и ДПА, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети која се одржа во Клубот на пратеници.

– Јас сум горд на овој договор кој е пред истекот на 20 уставно загарантирани денови. Во оваа прилика ќе претставам дел од принципите од договоро за влада која ќе ја предводам јас во полн 4 годишен мандат. Квалитетни одговорни и отчетни кадри за сите ресори од двете страни, кои ќе испорачааат програмски определби од договорот, нема да има министри без ресор со исклучок на вицепремиерски функции, да се јакне економскиот стандард и привлекување странски инвестиции, истакна Зоран Заев.

Според Заев, ќе следува неселективна борба со корупцијата, без разлика дали е некој од партија, експерт, познат или не.

– Согласни сме да се спроведе прочистување на правосусдство и проверка на имот на функционери. Постои согласност за отчетност на институциите на сите нивоа, но и да се намалат привилегии на функционерите. Заштита на животната средина и мобилизација на сите државни институции. Се согласивме на политики кои значат зајакнување на инспекциски служби и казни за загадувачите, нагласи лидерот на СДСМ.

– Борбата со коронавирусот е приоритет на јавното здравство преку темелен и транспарентен пристап. Ќе се укине Пржинската влада, унапредување на нов изборен модел за следните избори. На моделите на намалување на администрација за 20 отсто со цел граѓаните да добијат побрзи услуги. Во првите 6 месеци ќе тргнат сите вработени по Раковен договор кои останаа нераспределени. Во Собранието законите ќе се поднесуваат заеднички при што најмалку еднаш на две недели ќе има ден за гласање закони во Собранието, за брзи закони и рационализација на работењето, потенцираше мандатарот Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот