Заев: Пендаровски е наш коректив, да учиме од неговите критики

Стево Пендаровски и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

– Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Пендаровски: Кога јас би бил во таква позиција, веднаш би поднел оставка од морални причини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот