Заев: Денес се сеќаваме на хероите кои се бореа за Скопје

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога пред 77 години борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада, како и од другите партизански единици, станаа дел од завршните операции за ослободување од фашистичката окупација и за остварување на сонот за сопствена и самостојна држава, со Скопје како нејзин главен град, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук”.

Ова, како што посочува Заев, е ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите, борците и на цивилното население кое заедно со партизаните се бореа за секоја улица на нашиот град, и се сеќаваме на радоста на скопјани и на ослободителите на развиеното знаме на слободата на тогашниот Офицерски дом.

– Скопје памети многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал и ги нижел своите победи. Победите на Скопје се неделиви од неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни записи кои остануваат како сведоштва за взаемната љубов на градот и неговите граѓани, секогаш насочени кон подобра иднина на метрополата. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот