Заев: Ако се легализира марихуаната, секој граѓанин ќе може да одгледува две до три стебла канабис

Во одговор на пратеничко прашање на дешената седница во Собранието, премиерот Зоран Заев истакна дека ако дојде до легализација на марихуаната во земјата, секој граѓанин ќе може да засади во својот дом две до три стебла канабис. 

– Отвораме дебата за декриминализација и легализација на марихуаната. Целта е да го слушнеме народот, дали мисли дека треба да одиме понатака со таа постапка. Јас лично мислам и јавно соопштувам дека декриминализацијата треба да се направи час поскоро, за 0,5 грама за лична употреба не треба да се одговара – кажа Заев.

Премиерот истакна дека легализацијата на марихуаната треба да се направи за да се развијат угостителство и туризмот, а додаде дека и таа нема да биде привилегија само за богатите во земјава. 

– Легализацијата на марихуаната во државата треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата, односно околу 4%. Една Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто и слично, ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор и ова е добар потенцијал за да може државата буквално да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места за развој на туризмот. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично. Целта е да му се овозможи на секој граѓанин до 2-3 стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот законистакна премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот