Заев: Акцискиот план со Бугарија е дефиниран и треба да се усвои на втората меѓувладина конференција

Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија што е дефиниран од двете земји треба да се усвои на втората меѓувладина конференција чиј термин на одржување е идната недела, што треба да го договорат министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева. Тоа ќе помогне во создавањe на севкупниот амбиент за решавање на другите отворени прашања што верувам дека можеме да ги решиме час поскоро, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Многу скоро очекувам да се оствари средба меѓу нашиот министер Османи и министерката Захариева за договор за меѓувладина конференција. На таа средба треба да се дефинира терминот за втора Меѓувладината конференција, првата се одржа во 2019 година, а потоа да бидат усвоени на Влада и да влеземе во ефикасно, брзо имплементирање на сите овие определби затоа што се добри за двете земји и народи и ќе бидат од помош во создавање на севкупен амбиент за решавање на другите отворени прашања што верувам дека може да ги решиме час поскоро, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција во Владата по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Премиерот појасни дека Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво. Посебна е, нагласи Заев, работата на Историско-образовната комисија, а посебни се политичките прашања за кои што разговараме со источниот сосед. Акцискиот, односно секторскиот план, треба да биде утврден на меѓувладината конференција предводена од Османи и Захариева. Штом ќе биде утврден, како што нагласи Заев, ќе дојде како записник на владите на двете земји да го усвојат и веднаш ќе се стратува со негова операционализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот