Забрзува инфлацијата во еврозоната
Мерката што ги исклучува нестабилните цени на енергијата ина храната остана на 2,3 отсто, како што се очекуваше, соопшти „Евростат“.
Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети,.
Препорачано
Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергенсите и зголемените трошоци за услуги.
Мерката што ги исклучува нестабилните цени на енергијата и на храната остана на 2,3 отсто, како што се очекуваше, соопшти денеска „Евростат“.
Во целата еврозона, просечната годишна стапка на инфлација во септември изнесувала 2,2 проценти. По Естонија, Хрватска и по Словачка, највисока инфлација, од 4,1 процент, е забележана во Латвија, по што следуваат Австрија со 3,9 проценти и Литванија со 3,7 проценти.
Ден пред објавувањето на податоците, Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка, оцени дека ризиците за инфлацијата се мошне ограничени во двата правца.


