Забранет за продажба чипс поради акриламид, повлечено и небезбедно какао

фото: Pixabay.com

Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.

-Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи, потенцира АХВ.

Во однос на чипсот, Агенцијата информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Северна Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ – Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.

-Крајните потрошувачи кои гo имаат купено овој производ со посочениот рок на употреба, да нe  гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, потенцира АХВ.

Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба: 23.05.2024, а производител е „PESTOVA LLC“ – Косово.

Ова е втор случај да чипс на косовскиот произведувач „PESTOVA LLC“ содржи акриламид.

На 2 јуни годинава, системот за брза патека на Европската унија ја алармирал словенечката Агенција за храна и ветеринарство за високото ниво на канцерогената хемикалија акриламид во производ произведен во Косово. Производот беше Випа чипс. Пратката е испратена од Косово на италијанскиот пазар, но некои примероци се земени за анализа за време на транзитната рута во Словенија. Резултатите покажале дека количината на акриламид била три пати поголема од дозволената.

Словенија идентификуваше канцерогени хемикалии во чипс од Косово, Италија ја уништи пратката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот