Сабвеј - ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЗАБАВНА ЗОНА | Жените покажуваат поголем интерес за ласер таг – попрецизни се од мажите

Дали некогаш сте слушнале за играта ласер таг? Знаете ли како се игра? Кои се всушност правилата во ласер тагот? А дали знаете дека оваа активност од неодамна е достапна и токму тука во главниот град?

„Сабвеј Арената“ за ласер таг, е култно место во Скопје, познато како место кое е собиралиште на авантуристи и луѓе со ведар дух, секогаш спремни за забави и испробување нови искуства. Новата епизода на „Забавна зона“, ќе ја посветиме токму на оваа активност – ласер тагот и неговата магија. Наш соговорник во оваа емисија беше Бисера Митреска која е правен застапник на „Сабвеј Арена“.

Сабвеј – ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ласер таг арената е извор на забава, простор кој зрачи со позитивна енергија и место на кое секој што дошол еднаш, се враќа пак. Во разговорот со Митреска, откривме како дошле до идејата да се отвори ваков простор за забава во Скопје.

„Сабвеј Арена“ е првата метростаница во Скопје. Идејата за создавање на ова место беше да се создаде едно ново забавно катче во Скопје, каде што децата и повозрасната клиентела ќе можат да влезат во филмот, кинематографијата, фантазијата и да си поминат квалитетно и забавно време – вели таа.

Сабвеј – ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Станува збор за место кое постои една и пол година, кое зрачи во ретро стил, инспирирано од голем број култни македонски и странски филмови и серии, а самото тоа може да се забележи и во салата преку фразите испишани на скривалиштата и ѕидовите. Како нова игра, која можеби не им е позната на сите Митреска ни објасни како всушност се игра ласер таг.

– Ласер таг е спортско рекреативна активност која се игра со специјализирана опрема за ласер таг, каде играчите може да се натпреваруваат на индивидуално и тимско ниво. Опремата е специјализирана со посебен вид на светлина и сензори, а целта е секој натпреварувач да добие повеќе поени, коишто се добиваат со точно погодување на сензорите на противникот- вели Митреска.

Бисера Митреска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во „Сабвеј Арена“, натпреварувачите имаат можност да играат со опрема од најдобриот и најпознатиот европски производител од оваа област, а со купувањето на оваа опрема Македонија сега е на светската мапа на ласер таг центри.

Опремата се состои од (појаси и пушки) на која се наоѓаат сензори во сина или црвена боја, а целта е преку специјализирани ласерски пушки да се погодат сензорите на противникот и на тој начин тимовите добиваат поени.

Сабвеј – ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Сабвеј арената“ е едно од најпопуларните места за прослава на детски родендени, а исто така може да им понуди и квалитетно време и забава на повозрасните, како и тим-билдинзи. Ја прашавме Митреска дали има органичување за возраста во однос на натпреварувачите.

– Горна граница на посетители немаме, сè додека сте млади во духот и сакате сè уште да ја доживувате фузијата на фантазијата, на филмот, забавата, спортот, добредојдени сте во „Сабвеј арена“. Додека пак минималната граница е 8 години, или 130 сантиметри висина. Тоа се одредени препозиции што ги налага производителот на опремата и коишто се потребни за да можете да ракувате соодветно со опремата – изјави правниот застапник на „Сабвеј арена“.

Сабвеј – ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Нашиот соговрник Бисера, ни откри дека токму тука во „Сабвеј арената“ се одржуваат и мини натпревари на специјални денови.

– Минатата година, организиравме натпревар за празникот „Св. Трифун“, кој беше фузија од празниците „Св. Трифун“ и „Св. Валентин“, каде се натпреваруваа во парови, мажи против жени. Исто така имавме и натпревар за денот на жената, Осми март, каде припадничките на понежниот пол имаа гратис натпревари со друг вид на забава, за тоа да биде едно целосно доживување – сподели таа.

Сабвеј – ласер таг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Интересно е тоа што нивни почести посетители се жените. Како и меѓу децата, така и меѓу возрасните.

– Можеби жените сакаат повеќе да се забавуваат и се со послободен ум во Македонија, но се надевам дека ќе се избалансираме. Иако досега во игрите, навистина женскиот пол остварува многу подобри резултати во овој тип на игра – изјави Митреска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот