ЗАБАВНА ЗОНА | Митреска: Ласерот во играта ласер таг не е штетен и е апсолутно безболен!
Споменувањето на ласер не ни буди убави спомени секогаш. Но, ласерот во „Сабвеј Арената“ за ласер таг дефинитивно креира незаборавни моменти.
Препорачано
Но, дали воопшто сте запознаени со оваа спортско-рекреативна активност, наречена ласер таг? Ја имавме честа да разговараме со Бисера Митреска, правен застапник на „Сабвеј Арената“ за ласер таг, која детално ни објасни сѐ околу оваа игра во серијалот на „Слободен печат“ посветен на забавата, насловен „Забавна зона“.
Во суштина, за оваа игра се користи специјализирана опрема за ласер таг, а токму во „Сабвеј Арена“, имате можност да играте со опремата од најдобриот и најпознатиот европски производител од овој сектор, а со купувањето на оваа опрема Македонија се појави на светската мапа на ласер таг центри.
Опремата се состои од (појаси и пушки) на која се наоѓаат сензори во сина или црвена боја, а целта е преку специјализирани ласерски пушки да се погодат сензорите на противникот и на тој начин тимовите добиваат поени.
Иако играта се вика ласер таг, во неа не се користи вистински ласер, туку светлина. Во разговорот со Митреска, обрнавме внимание токму на оваа тема:
– Самата игра и самата опрема се вика ласер таг, меѓутоа тоа не е ласер. Тоа е светлина, којашто е целосно безболна за разлика од пеинтбол или друг тип на игри. Тука е целосно безбедна и играчите се целосно заштитени. На „пластичен“ начин кажано, светлина којашто е таргетирана под одредена фреквенција за да ги погоди сензорите.
Гледајте ја новата епизода на „Забавна зона“ вечерва со почеток во 18 часот на Јутјуб каналот на Слободен печат!


