Забавата за која зборува светот: Кајмакоски пееше за Новак Ѓоковиќ! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Да се пее за и пред најдобриот тенисер во светот е чест и привилегија, а токму таа можност пред неколку дена во Белград ја имаше нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски.

Имено, пред неколку дена во еден познат клуб во Белгад каде настапувал Кајмакоски со својот бенд, гостин бил токму Ноле, а друштво му правеле неговите пријатели, тенисерите Горги Димитров и Алекс Зверев.

Познатите тенисери се забавувале до раните утрински часови, а по завршувањето на настапот, Даниел имал прилика да се запознае и да се слика со Новак и неговите пријатели.

Познатиот пејач на социјалните мрежи објави фотографија од оваа средба и напиша следно:

– Забавата за која светот зборува… Момци, ми беше чест да настапам пред вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот