Забава за сите генерации на годинешното COOLТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 2019

Културно лето Карпош 2019 ќе се одржи од 29 до 31 август (четврток, петок и сабота). Оваа година традиционалната културна манифестација ќе се одржи на две различни локации: плоштадот „Делфина“, во Влае 2 и платото на „Млечен“ (пред „Ли“ кафе), во урбаната заедница Владо Тасевски.

Како и мината година, и оваа, Општина Карпош одлучи да стави акцент на домашните изведувачи, на докажани музички имиња, но и на нови, млади артисти кои со својот талент и музикалност веќе ги придобиваат симпатиите на целокупната јавност.

Оваа тридневна манифестација нуди програма за сите генерации, за најмладите, тинејџерите и повозрасните.

Четврток, (29.08.2019), на плоштадот „Делфина“ ќе биде првата првата карпошова културна вечер, на која ќе се прикаже детската претстава „Зеленковци“, која има едукативен карактер, со порака за заштита на животната средина, а во изведба на „Театар комедија“.

На првиот ден, во музичкиот дел од вечерта, ќе настапат и Гуру Харе, Антониа Гиговска, Мики Јовановски – Џафер и Емилија Колоска.

Вториот ден од програмата исто така ќе биде на плоштадот „Делфина“, а ќе започне со пергормансот на „Петко 5+ и Фамилијата“, а ќе продолжи со настап на меѓународен хор кој ќе изведува светски хитови (од Битлси, Queens и др.). Вечерта ќе биде заокружена од страна на нашата позната музичка група Нокаут.

Третиот ден, затворањето на годинешното Културно лето Карпош 2019 ќе биде на платото на „Млечен“. Предвидена е програма за тинејџерите, со настап на Марко Маринковиќ – Слаткар и перформанс на GP и Steffonator.

Исто така, вечерта ќе настапат и Александар Митевски & Дац, а манифестацијата ќе биде затворена во поп – рок стил, со перформанс на Дани Димитровска и нејзиниот бенд.

Програмата ќе ја води нашиот познат водител Жарко Димитроски (Жаре Еден на Еден).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот