За вакцинација против ковид-19 се пријавија 1.700 припадници на Армијата

МИА

Вкупно 1.700 припадници на Армијата на Република Северна Македонија се пријавиле за вакцинација. Началникот на канцеларијата за односи со јавноста и портпарол на генералштабот, потполковник Тони Јаневски, за Слободен печат вели дека списоците со персоналот ќе се доставуваат до Министерството за здравство согласно динамиката која ќе биде побарувана од нив и согласно приоритетите за вакцинирање во Армијата.

-Од страна на Министерството за здравство во оваа прва фаза на вакцинација е побарано доставување на податоци од 500 армиски припадници за вакцинирање согласно приоритетите за вакцинирање во Армијата на персонал кој остварува повеќе контакти, персонал кој ќе биде вклучен во претстојните вежбовни активности на Криволак и секако персонал кој ќе се упатува во мировните операции. Списокот ќе биде доставен до Министерството за здравство во најкус можен рок, вели Јаневски за Слободен печат.

Овие 500 припадници на АРМ ќе ја примат првата доза од производителот „Астра Зенека“ како дел од првата група во состав на критичната инфраструктура, односно вработени во области и дејности критични за функционирањето на државата.

Овој список постојано сe ажурира со лица кои дополнително се пријавуваат. Од составот на Армијата одреден број на персонал веќе имаат примено вакцина против ковид-19 (една или две дози), а тоа се персоналот од составот на хируршкиот тим кој се наоѓа во мировната операција „Одлучна поддршка “ во Авганистан, персоналот кој извршува должности во командите на НАТО во Брисел и Шејп и секако дел од медицинскиот персонал од баталјонот за воено медицинска поддршка кој е ангажиран цело време како испомош и асистенција во институциите на Јавното Здравство во справување со пандемијата.

-Генералштабот со Министерството за одбрана на почетокот на овој месец превземааа мерки за наремено собирање податоци од своите припадници кои изразуваат согласност да се вакцинираат, со цел благовремено реагирање и доставување податоци до министерството за здравство во оној момент кога согласно Националниот план за вакцинација ќе отпочне фазата во која ќе бидат вклучени за вакцинација и припадниците на Армијата.Согласно собраните податоци досега, од состав на Армијата се пријавиле 1700 припадници за вакцинација, вели Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот