За убијците на загрозен вид горили во Уганда доживотен затвор

Групата горили веќе нема да сака контакт со луѓето, а тоа ќе се одрази на туризмот во земјата. 

На четири лица, кои се уапсени во Уганда, им се заканува доживотен затвор или парична казна од 5,4 милиони долари доколку бидат прогласени виновни за убиство на загрозен вид животни, откако се осомничени дека го убиле Рафики, еден од најпознатите планински горили во таа земја.

Истрагата покажала дека Рафики е убиен со остар предмет, кој му ги пробил органите.

Во Уганда се останати околу илјада планински горили, а службата за заштита на природата ја опиша смртта на Рафики како „голем удар”.

Рафики беше стар околу 25 години и предводник на чопор од 17 горили. Тој бил многу популарен меѓу посетителите на Националниот парк Бвинди.

– Поради неговата смрт, групата ќе стане нестабилна и постои можност да се распадне, истакна Башир Ханги од службата за заштита на природата, додавајќи дека доколку тоа се случи, групата веќе нема да сака контакт со луѓето, а тоа ќе се одрази на туризмот во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот