Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу советници на ниво на цела држава, СДСМ со двојно помалку гласови

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 58 советнички листи, коалицијата НАИ предводена од ДУИ освоила 9, коалицијата Вреди 6, СДСМ 4, ДП на Турците 1 советничка листа.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најголем број гласови и за советнички листи на ниво на целата држава, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 58 советнички листи, коалицијата НАИ предводена од ДУИ освоила 9, коалицијата Вреди 6, СДСМ 4, ДП на Турците 1 советничка листа.

Државна изборна комисија

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство советници во Прилеп, Битола, Кочани, Струмица, Охрид, Босилево, Брвеница, Берово, Новаци, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Градско, Дојран, Долнени, Кратово, Кривогаштани, Конче, Кавадарци, Лозово, Маврово и Ростуша, М.Каменица, М.Брод, Могила, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Старо Нагоричане, Лозово, Кичево, Дебарца, Делчево, Зрновци, Јегуновце, Могила, Демир Хисар, Демир Капија, Н.Село, Росоман и во скопските општини – Аеродром Бутал, К.Вода, Петровец, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден, Карпош и Сопиште.

НАИ, коалицијата предводена од ДУИ, има мнозинство во Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница, Сарај, Струга, Студеничани и Чашка.

Вреди има мнозинство во советите во Арачиново, Дебар, Желино, Теарце, Тетово и Чаир.

СДСМ има мнозинство во Богданци, Крива Паланка, Крушево и Центар.

ДП на Турците со мнозинство во Центар Жупа.

ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освоила околу 301 000 гласа, СДСМ 125 000, НАИ 114 000, а ВЛЕН 92 000

За советници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласале околу 301.000 избирачи на државно ниво, односно во сите 80 општини. СДСМ со двојно помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ, за советници од опозициската партија гласале 125.000 граѓани.

Следи коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, која има добиено нешто повеќе од 114 000 гласа. Нивниот конкурент – владејачката коалиција Вреди, според податоците на ДИК, има освоено околу 92 000 гласа.

Политичката партија Левица, пак, ја добила поддршката на околу 58 000 гласачи.

Владејачката ЗНАМ ги добила гласовите на околу 39 000 гласачи, додека коалицијата ГРОМ – ЛДП, околу 13 000 гласови.

Државна изборна комисија

Податоците се добиени врз основа на обработени 3 471 избирачко место, од вкупно 3 474 или во проценти – 99,91 осто.

Според податоците на ДИК, објавени на нивната веб-страница, утрово во 9:20 часот, на вчерашните локални избори за советници гласале 883 937 граѓани. Бројот на важечки гласачки ливчиња е 833 984, додека неважечки се 49 957 ливчиња.

Излезеноста е 48,29 отсто, врз основа на бројот на обработени избирачи кои гласале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот