За што се договорија Белград и Приштина со потпишувањето на документот за авиолинијата?

Приштинскиот весник „Коха диторе“ оценува дека „косовската државност се доведува во прашање“ со документот кој косовската страна го потпиша во Берлин, бидејќи се избегнува употребата на називите на косовските институции.

Приштинскиот портал „Газета експрес“ објави документ за кој наведува дека, меѓу другото, го обврзува Косово да ги укине таксите на производите од Србија, пренесува „Спутник“.

Станува збор за документ потпишан во Берлин, кога се воспостави авиолинијата Белград-Приштина.

Приштинскиот портал тврди дека наводно поседува комплетен документ во однос на тоа на што двете страни го објавија како „писмо за намерите“ и тоа како посебен документ со она на што двете страни поединечно се обврзуваат да испорачаат за слободните воздушни коридори.

Косово, според документот кој наводно го поседува „Газета експрес“, се обврзува дека договорите за слобода на движење и ИБМ договорот (Договор за интегрирано раководење со граничните премини) кои се постигнати во Брисел, ќе ги применува и на патниците, поштата и товарот кој се превезува на оваа релација.

Прочитајте и...  Сообраќајна (не)култура: Возење без возачка, управување со неисправни возила, „пајакот“ дигна 72 автомобила

„КФОР го задржува правото на контрола над воздушниот простор над Косово во скалд со меѓународно признатите договори на мисијата на НАТО на Косово. Во склоп со претходно споменатиот договор и договорот на Косовската управа за цивилно воздухопловство и КФОР ќе се усклади и ќе го потпише Договорот за ускладување на постпката за линијата Белград-Приштина. Во секој момент Косовското цивилно воздухопловство, аеродромот во Приштина и КФОР имаат обврска да обезбедат безбедни лето, вклучувајќи ги и слетувањата на релацијата Белград-Приштина“, се наведува во документот.

Во исто време, приштинскиот весник „Коха диторе“ оценува дека „косовската државност се доведува во прашање“ со документот кој косовската страна го потпиша во Берлин, бидејќи се избегнува употребата на називите на косовските институции.

Прочитајте и...  Голема полициска акција во Косово: Уапсени 33 лица поради шверц на луѓе, оружје и наркотици

Во писмото кое Косово го потпиша со три други страна косовската управа за цивилно воздухопловство се нарекува: „Власт за цивилно воздухопловство на Косово“.

Се зборува за отворањето на посебните линии меѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологијата на државните институции, пишува приштинскиот дневен весник.

Исто така никаде не се споменува АСХНА – скратеницата за државната агенција за навигација, а се користи само „Единица за воздушен сообраќај – термин кој беше во употреба пред Косово да прогласи независност – пренесува „Танјуг“.

Од „Коха диторе“ сметаат дека тоа покажува оти косовските и српските власти потпишале две различни писма, специфични за нивната работа.

Прочитај повеќе

Регионални избори во Италија и референдум за кратење на бројот на пратеници од 945 на 600

Слободен печат

Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

Слободен печат

Метео: Утринските температури до 13 степени, сончево и топло преку ден

Слободен печат

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Словенија наложи задолжително носење маски и на отворено

Маријана Митровска

Анализа: Во партијата на Вучиќ членува секој деветти граѓанин на Србија, неспоредливо со партијата на Путин

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Уапсени 10 полицајци во рација за нелегални казина во Косово

Маријана Митровска

Нема смртни случаи денеска во Хрватска, но бројот на заразени расте

Слободен печат

Голем шумски пожар беснее на планината Стогово

Слободен печат

Пакет со смртоносен отров адресиран до Трамп

Маријана Митровска

Бројот на случаи во Турција надмина 300 илјади, лекарите се сомневаат во официјалните бројки

Маријана Митровска

Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300″