Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

За пензионерите од Бутел со минимална пензија, еднократна помош од 2.000 денари

Од утре па до 24 февруари пензионерите од општина Бутел кој припаѓаат во најранливата категорија со минимални пензии ќе можат да аплицираат за еднократна финанискса помош во износ од 2.000 денари.

Потребната документација предвидена со јавниот повик може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 9 до 15 часот.

Право на финансиска поддршка можат да остварат граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на оваа Општина кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.

Исплатата на еднократната помош ќе се реализира на принцип „прв дојден – прв услужен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот