За осум часа во Велес казнети 43 возачи

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Вчера во периодот од 8 до 16 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, за осум часа биле регистрирани 43 прекршоци, од кои пет во Велес, 14 во Кавадарци и најмногу 24 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

– Овие возачи кои го прекршиле законот и го загрозиле животот и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот  ќе бидат соодветно санкционирани, најави Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот