За малолетникот кој со БМВ го згази познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота побаран е куќен притвор и одземање на пасошот

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител од судијата за малолетникот побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

Шеснаесетгодишник без возачка дозвола со БМВ го прегази хирургот доктор Ѓорѓи Јота

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Шеснаесетгодишник без возачка дозвола со БМВ го прегази хирургот доктор Ѓорѓи Јота

Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза” во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко” не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците.

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Јавниот обвинител од судијата за деца побара за малолетникот да определи мерка куќен притвор со која ќе го обезбеди неговото присуство во текот на постапката, како и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа. Судијата го прифати предлогот на обвинителот, па на детето во ризик му определи притвор во траење од 15 дена и одземање на пасошот.​ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот