Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота, кој беше силно удрен од автомобил, е стабилна во моментоt. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, соопшти вечерва на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека хирургот Јота има тешка повреда на главата од вчерашниот удар од возило што го управувал малолетник пред Клиничкиот центар во Скопје.

– Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ. Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување, изјави Филипче на прес-конференцијата.

Во денешниот билтен на МВР беше соопштено дека синоќа околу 20>30 часот, на крстосница од бул.„Мајка Тереза” и ул.„Елисие Поповски-Марко” пешакот Ѓ.Ј. (58) од Скопје се здобил со тешки повреди, откако во него удрило патничко возило „БМВ ХБ”, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот