За да нема раст на функционерските плати СДСМ ќе менува закони
Со растот на просечната плата се очекува да има и нов раст на функционерските плати, а зголемувањето треба биде од 300 до 500 евра, во зависност од позицијата. Поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски тврди дека до тоа нема да дојде, бидејќи најдено е уставно издржано решение, а пратениците од СДСМ ќе поднесат измена на сите закони што ги регулираат функционерските плати.
Препорачано
-Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери, изјави Ковачевски.
Тој појасни дека со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.
Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, согласно законот и веќе од јануари годинава тие како основица ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година.
По одлуката на Уставен суд, минатата година платите на над 2.000 функционерите се зголемија за 78 отсто. И покрај револтот кај граѓаните и ветувањето на Владата дека во најскоро време ќе се најде начин да се намалат безобразно зголемените плати, до тоа сè уште не дојде.


