За да го избегнат полицискиот час граѓаните „бегаат“ во Маврово, Струга и Охрид (ФОТО)

колони возила. / Фото: Архива на Слободен печат

На магистралните правци на гостиварското подрачје забележителен е зголемен интензитет на сообраќајот. Поголемиот број автомобили одат кон југот од земјава.

Зголемен интензитет на сообраќај на патарините, 04 јуни / Фото: МИА

На последната наплатна рампа од автопатот „Мајка Тереза” кај Гостивар изминативе два часа работат сите кабини за патарина и нема застои. Големите редици и колони од возила кои се создаваа на семафорот на еден од влезовите во Гостивар се намалија од пред еден час, откако беше исклучена регулацијата и се поминува на жолто светло.

Зголемен интензитет на сообраќај на патарините, 04 јуни / Фото: МИА

Најголемиот дел од патниците беа во автомобили со скопски и тетовски ознаки. Во прашањата одговорија дека одат кон Маврово, Струга и Охрид, за да го избегнат полицискиот час.

Зголемен интензитет на сообраќај на патарините, 04 јуни / Фото: МИА

Според првичните проценки на вработените на патарините, бројот на возила кои поминале на рампите, денеска бил неколкукратно зголемен и дека денеска во попладневите часови тој може да надмине десет илјади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот