За Божиќ 20 отсто од француските родители нема да можат да им даваат подароци на своите деца

epa04001058 A girl waits to receive her gift during a distribution of gifts for the children organized by the DAL (Droit Au Logement - Right of Housing) in Paris, France, 25 December 2013. Annually for Christmas the DAL organizes a distribution of gifts for the children of homeless and precarious families. EPA/ETIENNE LAURENT

Многу француски семејства годинава ќе се откажат од традицијата под Божиќната елка да остават  подароци, поради недостаток на средства, јави дописникот на МИА.

Вкупно, 2,8 милиони (20 отсто) родители нема да можат да ги израдуваат своите деца годинава, произлегува од студијата на Ифоп за здружението Донс Солидер (Солидарни подароци). Во рамките на „сиромашните категории”, оваа бројка се зголемува на 36 отсто. Покрај тоа, 4,6 милиони (33 отсто) родители во Франција велат дека годинава ќе потрошат помалку од вообичаеното за Божиќ, наведува невладината организација.

-Здравствената криза втурна еден милион Французи во сиромаштија, кои се додаваат на 9,3 милиони луѓе што веќе живеат под прагот на сиромаштија. Тоа се исто толку семејства, млади луѓе, студенти, невработени, изолирани луѓе кои ќе бидат лишени од подароците на крајот на годината , предупредува Доминик Безансон, генерален делегат на Донс солидер.

Во овој контекст на здравствена криза и растечка несигурност, 52 отсто од семејствата велат дека ќе скратат на други работи за да им дадат подароци на децата, 46 отсто прават помали подароци и 37 отсто купуваат од втора рака. Меѓу најнесигурните семејства, 1,9 милиони родители ќе сметаат на надворешна помош (здруженија, семејството) да им понудат подароци на своите деца, прецизира здружението Донс солидер. Така, невладината организација повикува на дарежливост на Французите и ја започнува единаесеттата операција „Божик за сите” . Кампањата „овозможува, благодарение на заложбата на бројни претпријатија партнери, да се прераспределат илјадници подароци на луѓето во тешкотија”, велат од здружението.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот