Вулин: Наспроти барањата на ЕУ, Брикс не бара ништо, ни нуди да бидеме дел од економија на половина свет
Српскиот вицепремиер Александар Вулин изјави дека иако Србија со децении се обидува да стане дел од Европската унија , тој не е сигурен дека ЕУ ја сака Србија. Тој оцени и дека БРИКС станал поважен отколку што бил и дека овој факт не може да се игнорира, соопшти денеска Владата на Србија.
БРИКС покажува сила и ние сме многу заинтересирани да учиме, да откриеме што има да ни понуди БРИКС. Ако сакате да станете дел од ЕУ, мора да знаете дека тоа има одредени политички последици, рече Вулин на евроазискиот економски форум во во Рас ал Хема, каде учествува во рамките на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати.
Како пример, Вулин ги наведе барањата на ЕУ од Србија да го признае Косово и да воведе санкции кон Русија.
На пример, ЕУ побара од Србија да ја признае независноста на Косово, дел од територијата на Србија, ние не го направивме тоа, тие побараа од нас да воведеме санкции кон Русија, ние не сме дел од нив и не сакаме да го направиме тоа, тие побара од нас да престанеме да ги субвенционираме нашите земјоделци, тоа не ни е лесно да го направиме, рече Вулин.
Од друга страна, според Вулин, БРИКС не бара ништо, туку им нуди да бидат дел од растечката економија на половина свет.
Според него, Самитот на БРИКС во Казан даде надеж дека е можно, ако сте претставник на земја со само седум милиони жители, да бидете партнер на некој со милијарда жители.
Не само што е погрешно, туку и глупаво да се верува дека можете да ја изолирате Русија. Многу е глупаво да се верува дека можете да ја заплашите Кина и да мислите дека таа ќе направи што сакате. Глупаво е да се мисли дека можете да ги претворите Емиратите во зависна држава. Глупоста е многу опасна, изјави Вулин.
Вулин не се согласува и со поделбата на светот на „Глобален Запад“ и „Глобален Југ“.