Вујин: Во Скопје има ракометна енергија како во Веспрем и Кил

фото: твитер

Српскиот ракометар истакна дека најмногу го привлече новата приказна на старо-новиот претседател на Вардар Михајло Михајловски.

Како што е веќе познато, Марко Вујин ќе го носи дресот на Вардар од следната натпреварувачка сезона 2020/2021.

Петтиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој моментно има 35 години за „Балкан-Хандбал“ ги сподели очекувањата во новиот клуб:

Вардар е голем клуб, актуелен освојувач на ЛШ. Ме привлече новата приказна на Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чувствува во Скопје и тоа ме потсетува на големите ракометни градови во кои играв, Веспрем и Кил. Тоа најмногу ме привлече покрај сериозната екипа која ќе ја има Вардар во наредната сезона. Сè најдобро слушнав околу условите за работа, луѓето и градот. Би сакал заедно да имаме успеси достојни за името на клубот – рече Вујин.

На десната бековска позиција тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски ги има Вујин, Хрватот Јосип Векиќ и младиот Томислав Јагуриновски.

Со најдобрата српска репрезентација успеа во 2012 година да го освои сребрениот медал на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот