Ракометна бомба: Марко Вујин е најново засилување за Вардар

EPA/RONALD WITTEK

Српскиот ракометар Марко Вујин е најновото засилување за сè уште актуелниот европски шампион, Вардар. Шпекулациите дека поранешниот српски ракометар ќе ги засили „црвено-црните“ конечно се обвистинија откако денеска леворакиот бомбардер стави потпис на едногодишниот договор.

35-годишниот Вујин доаѓа од редовите на Спортинг Лисабон за кого сезонава настапи на седум натпревари во Лигата на шампионите и постигна 22 гола додека во португалскиот шампионат на 18 натпревари даде 35 гола.

Претходно тимот на Вардар го засилија и Кантегрел, Јагуриновски, Гаџа, Векиќ, Талески и Георгиевски, а се очекува и ангажман на уште среден бек за да се комплетира тимот кој идната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот