Вучиќ вели дека повторување на изборите на неколку избирачки места нема значително да ги промени резултатите

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека в сабота, на 30 декември ќе се повторат изборите во неколку избирачки места, но оти речиси ништо не може да се смени, освен листата обединета околу Српската напредна партија (СНС) да добие уште еден мандат во српскиот парламент.

– Никој друг не може да победи или загуби. А за нас, дали ќе имаме 129 или 130 мандати, право да ви кажам …, изјави Вучиќ на новинарите при обиколката на патот Бачки Брег – Српска Црња.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на листата „Ние – гласот од народот“ на Бранимир Несторовиќ, дека движењето нема да учествува во коалиции за формирање градска власт во Белград, Вучиќ рече дека изјавите на политичарите не го интересираат и оти само сака изборниот процес да заврши.

– И тогаш, ако нема мнозинство – нема мнозинство, ќе одиме на избори. Ако има мнозинство – има мнозинство. Што има јас да претпоставувам, рече Вучиќ.

Зборувајќи за протестите пред градското собрание на Белград, тој тврди дека симпатизерите на опозицијата „три часа ја уништувале зградата и кршеле прозорци“, а потоа изјавиле дека тоа го направиле „уфрлени елементи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот