Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ: Не само за Србија, се борев и БиХ и Македонија да влезат во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја.

Вучиќ беше гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и рече дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полуевропска Унија“. Тој објасни дека се разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина, за земјата да може да стане членка од 1 јануари 2027 година, што го оцени како можност за земјите од Западен Балкан кои се надвор од ЕУ.

„За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Северна Македонија“ рече Вучиќ.

На прашањето дали таквото сценарио е реално, српскиот претседател одговори: „Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност“.

Ноторни лаги ги нарече тврдењата дека тој пукал од снајпер низ Сараево за време на војната, што се истражува во случајот наречен „Сараево Сафари“.

„Ниту убив, ниту пукав, ниту нешто слично“, рече Вучиќ.

Хрватски новинар тврди дека Александар Вучиќ бил вклучен во „снајперското сафари“ во Сараево – Слободен печат

Тој го нарече новинарот Домагој Маргетиќ лажго и измамник кој објави неколку документи за наводното учество на Вучиќ во тероризирање на граѓаните на Сараево.

„Домагој Маргетиќ е обичен измамник“, додаде тој и ги оцени неговите постапки како специјална војна против него и Србија.

И сепак, Вучиќ потврди дека на почетокот на војната во Босна и Херцеговина работел како новинар и преведувач на српската телевизија во Пале, недалеку од Сараево.

Ужасно откритие: Најмалку петмина Италијанци биле вклучени во „рекреативни снајперски напади“ врз цивили во Сараево во 1993 година

Тој ги повика Бошњаците да не прават непријатели од Србите, велејќи дека односот меѓу двата народа е клучен за стабилноста на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот