Вучиќ го смени шефот на српските специјалци, одбил да ги пушти на граѓаните кои протестираат
Долгогодишниот командант на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ), полковникот Спасоје Вулевиќ, е разрешен од должност и формално ќе се пензионира од понеделник, објави „Н1“ повикувајќи се на извори во српската полиција. Според информациите, неговото разрешување е по барање на претседателот Александар Вучиќ.
Препорачано
Вулевиќ, кој беше началник на САЈ речиси две децении, а во полицијата е на функции од 1993 година, повеќепати одбил барања единицата да интервенира против граѓани на протести. За време на неговото командување, САЈ останала „впечатливо чиста, со професионално обучени и дисциплинирани членови“, а тој е првиот српски полицаец дипломиран на Академијата на ФБИ.
Паралелно со неговото заминување, обезбедувањето на амбасадата на САД, кое го вршеше САЈ речиси две децении, постепено ќе биде преземено од Единицата за заштита – ЈЗО, со која командува Марко Кричак.
„Време“ пишува дека Вулевиќ „одбил да ја трансформира САЈ во преторијанска гарда на власта“, што било сфатено како непослушност, и дека неговото заминување испраќа политички сигнал дека на врвот на полициските сили нема место за оние кои не се подготвени да ја користат единицата за репресија врз граѓаните.
Вучиќ го смени шефот на српските специјалци, одбил да ги пушти на граѓаните кои протестираат


