Втор „Рурален поетски слем“: Слемерски начин на живеење со природата

Почетокот на цветањето на малото поле лаванда на висорамнината Витачево, 13 км од Кавадарци, го означи почетокот на вториот „Рурален поетски слем“, што се одржува од 26 јуни до 13 јули, а сите активности ќе се одвиваат согласно мерките за движење и справување со ковид-кризата. Настапите на слемерите и поетите ќе бидат снимени, а потоа ќе се изработи видеоматеријал што ќе се споделува на социјалните мрежи.

Станува збор за волонтерска активност покрената од Здружението на органски производители „Биовита“ од Кавадарци, а во која се вклучени, односно вмрежени и Здружението на поети „Тиквешки цветови“ – Кавадарци, Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“- Кавадарци, Здружението на граѓани „Театарска работилница“ – Прилеп, како и локалните институции: Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ и Библиотека „Феткин“- Кавадарци, но и тимот на „Поетри слем Македонија“.

Целта на овој настан е доближување на културата со руралното подрачје како отворена можност за создавање тло за ново модерно културно движење преку спојот на урбаното живеење и руралната активност, односно како начин на живот во природата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот