Врховниот суд во САД гласаше во корист на администрацијата на Трамп за нелегалните мигранти

epa08491891 US President Donald J. Trump participates in an event held to introduce a plan to help prevent suicide among US veterans, in the East Room of the White House in Washington, DC, USA, 17 June 2020. US veterans have a suicide rate one and a half times higher than nonveteran adults, according to the 2019 National Veteran Suicide Prevention Annual Report. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Врховниот суд во САД и олесни на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги депортира нелегалните имигранти.

Судиите, со седум гласа „за” и два „против, донесоа одлука во корист на администрацијата на Трамп, која се однесува на нејзината жалба против пресудата на судот од пониска инстанца дека земјоделецот од Шри Ланка, Вијајакумар Тураишигиам има право федералниот суд да ја преиспита владината одлука за неговото барање за азил.

Одлуката, напишана од конзервативниот судија Самуел Алито, вели дека ограничувањето на судскиот преглед на неговата брза депортација не ги крши клучните уставни одредби за заштита на слободата на поединецот.

Како што пренесуваат странските агенции, со овој чин судиите ја обезбедија победата на Трамп во едно важно прашање за него во предизборната година.

Видео на денот