Врховниот суд ја отфрли тужбата за клевета на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски

Врховниот суд на седница одржана на 28 октомври минатата година ја одби како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски.

Судечкиот совет предводен од Мирјана Радевска Стефкова и во состав од судиите Владимир Стојаноски, Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, Исамедин Лимани и Наке Георгиев одлучи тужителите да се задолжат на тужениот да му ги надоместат трошоците за одговор на ревизијата во вкупен износ од 32.424 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховниот суд.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа ексразузнавачот Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот