Временските услови се неповолни за пчеларството, велат од УХМР

Пчеларство во Македонија/ Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Временските услови оваа недела ќе бидат поволни за кроење на лозјата и за резидба на овошките, но не и за пчелратсвото, велат агрометеоролозите.

Според нив, променливото облачно време со сончеви периоди е добредојдено за изведување работи на поле.

-Минатата седмица имавме променливо време, при што дојде до разладување на атмосферата, со пониски дневни температури, кои за жал не го стопираа, туку само го успорија пролетното будење на овошките, особено оние од коскестите видови, кои и вообичаено се првите видови. Слични временски услови се очекуваат и оваа недела и тие се добредојдени за изведување на работи во поле како што е кроењето на лозјата и резидбата на овошките. Но, ваквите временски услови нема да им одат во пролог на пчеларите и пчеларството, каде потребите од храна се зголемени, па така пчеларите треба да обезбедат цврста храна заради зголемената потрошувачка предизвикана со предходното зимско затоплување, објаснуваат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот