Временска прогноза: Сончево со мала облачност и температури до 19 степени

Сончево време/ Фото: Архива на Слободен печат

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 3, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура.

Во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во
понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот