ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена локална облачност

зима сонце
Зимско сонце / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и истиот на некои места ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Веќе во сабота и тоа особено кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во недела и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува.

За време на викендот ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и тоа особено од недела, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот