Време е западните земји да сфатат дека нивната доминација одамна ја нема, велат од руското МНР

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Акциите на ЕУ и нејзината улога во настаните во Украина нема да останат без остар одговор, соопшти вечерва руското МНР.

Руското МНР порача дека Русија ќе продолжи да обезбедува спроведување на виталните национални интереси, без оглед на санкциите.

„Време е западните земји да сфатат дека нивната неподелена доминација во глобалната економија одамна ја нема“, се вели во соопштението.

Забележано е дека „граѓаните и структурите на ЕУ вклучени во снабдувањето на вооружените сили на Украина со смртоносно оружје и гориво ќе бидат одговорни за сите последици од таквите дејствија во контекст на тековната специјална воена операција“.

„Тие не можат а да не го разберат степенот на опасност од последиците“, соопшти руското министерство.

Во соопштението се наведува и дека ЕУ со одлуката на 27 февруари да почне да испорачува смртоносно оружје на украинската армија се разоткрила.

Оваа одлука, како што се оценува, го означува крајот на евроинтеграциите како „пацифистички“ проект за помирување на европските народи по Втората светска војна.

„Членките на ЕУ конечно застанаа на страната на режимот во Киев, кој започна политика на геноцид врз дел од сопственото население“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека е срушен уште еден мит – дека „едностраните ограничувања наметнати од ЕУ, нелегитимни во меѓународно-правна смисла, не се насочени против рускиот народ“.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот